МРТ 2 | ||
МРТ 2
МРТ 2 е вториот канал на Македонската радиотелевизија. Основана е на 6 март 1978 година како втора програма на Телевизија Скопје. На 6 март 1978 година Телевизија Скопје започнува да емитува своја Втора програма. Таа се емитува еднаш неделно, секој понеделник, а подоцна и во средите, во траење од четири часа, целосно во боја. Втората програма е алтернативна и комплементарна на Првата, со емисии од сите жанрови што се подготвуваат во двата сектора за информативно-документарни и за културно-уметнички емисии. Одговорен уредник на Втората програма бил Зоран Вангелов. Инаку, во другите денови и во времето кога не емитувала свои содржини, на вториот канал се преземале директно програми од другите југословенски телевизиски центри.